ЕСМ Дистрибуција започна со дислокацијата на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во Скопје.
-Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот “Беласица”. ЕСМ ‘Дистрибуција на топлина’ ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.
Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании, соопштија од ЕСМ.
Додаваат дека и покрај опожарувањето на мостот, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.
На 12 мај околу полноќ избувнал пожар под мостот кај Транспортниот центар. Пожарникарите неколку часа ги гаселе пламените јазици кои ги оштетија цевките за парно кои поминуваат под мостот. Оттогаш, мостот е вон употреба. Се уште не се знае кој го предизвика пожарот и како се случи.