Почна грејната сезона во Скопје

од desk2
62 прегледи

На граѓаните на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење од денеска ќе им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, потврдуваат од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика.

Прецизираат дека Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) даде одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради најавениот пад на температурите.

Законската регулатива предвидува доколку, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, и тоа по претходно одобрение од РКЕ.