Почна имунизацијата со руската вакцина

од Берта Китинска
307 прегледи

Утринава започна вакцинацијата против Ковид-19 со руската вакцина „Спутник В“.

Со “Спутник В” биле вакцинирани 60-тина здравствени работници од Прилеп и Скопје, кои работат со заболени од Ковид-19.

Вакцинацијата ќе се одвива во поликлиниката „Јане Сандански“ во скопски Аеродром каде вакциналните пунктови ќе работат во две смени од 8 до 20 часот, од понеделник до сабота.

Вторите дози од овие вакцини треба да пристигнат најдоцна за три недели што е обврска која ја презела руската компанија.