Почна јавна расправа за законот за обновливи извори

Секој може да даде предлог...

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави Нацрт-законот за користење на енергијата од обновливи извори на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Јавната расправа за Нацрт-законот преку кој сите заинтересирани граѓани, стручна јавност и релевантни чинители можат да достават свои мислења и предлози трае до 30 август 2025 година, а целосниот текст е достапен на веб-страницата на Министерството и на ЕНЕР.

Како што соопштија од Министерството, цитирани од „Бизнис инфо“, со овој закон ќе се уредуваат обновливите извори на енергија како посебна и комплексна област, одвоена од другите енергетски закони.

Слични содржини