Почна летното сметање на времето

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, во 2 часот наутро почна летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава. Часовниците се поместија за еден час нанапред, односно времето во два часот се смета како три часот.

20120323-time

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен. Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро.