„Фашисти, убијци, татари”, се само дел од извиците кои оддекнуваат од центарот на Охрид каде започна протестот против отварање на бугарскиот културен клуб “Цар Борис Трети”.
Демонстрантите удираат со јајца по објектот koj се наоѓа на 20 метри од куќата во која што во 1941 година воениот суд на бугарскиот фашистички окупатор осуди група партизани на чело со Лазар Колишевски на смрт со бесење поради организирање оружено востание против окупаторот.
Покрај активисти на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, голем број на охриѓани се приклучуваат на протестот.
Бугарскиот клуб се наоѓа на 20 метри од куќата во која што во 1941 година воениот суд на бугарскиот фашистички окупатор осуди група партизани на чело со Лазар Колишевски на смрт со бесење поради организирање оружено востание против окупаторот.