Град Скопје почна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба во делот на источниот влез во главниот град, откако минатата година беше реконструиран и западниот. Должината е 5,3 километри – од клучката кај Хиподром до крстосницата кај Скопски саем во Автокоманда.

-Ова е еден извонреден потег, поголем од пет километри. Ги замолувам граѓаните да имаат трпение, ќе работиме деноноќно со цел источниот влез да го оспособиме што е можно побрзо и да се префрлиме на излезот од Скопје, од другата страна, за да се избегнат гужвите. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години, во добар дел булеварот е во очајна состојба, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Додаде дека во главниот град е во тек градежна офазнива, се работи на 23 улици и зимата, како што рече, ќе ја пречекаме со обновена речиси цела инфраструктура на која се работеше лани и годинава.
https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/988873074961000/