Последната сезона на Game of Thrones може и да разочара доста фанови, но добрата вест е дека ќе
се снима предисторија, која ќе се обиде да ги поправи нанесените штети.

Доста се зборува за новата серија, која сè уште нема официјален наслов. Пред некое време, Џорџ
Р.Р. Мартин напиша на својот блог дека ќе се вика The Long Night. Но, од ХБО побрзаа да го
негираат тоа.
Она што сигурно го знаеме е дека снимањето веќе почна. Според Entertainment Weekly, голем дел од
тоа ќе се случи во Северна Ирска, каде што беа снимани многу сцени за Game of Thrones. Но, дали
продукцијата ќе оди надвор од земјата, се уште не е јасно.
Продуцентите на безимената серија се Џејн Голдман („X-Men: First Wave“, 2011), Џорџ Р.Р. Мартин и
Си Џеј Кларксон (Jessica Jones), која ќе биде и режисер.
Мартин известува дека Вестерос нема да биде таков, како што го познаваме – нема Кралсказемја,
нема Железен трон, бидејќи го нема домот на Таргериен. Според неговите зборови, ќе се
занимаваме со многу постар свет и акцијата ќе се развие околу 5.000 години пред Game of Thrones.
Сето ова ќе ни даде можност да дознаеме од каде потекнуваат Белите одачи и како се раѓаат
познатите семејства. Очекувањата се да ја видиме серијата на крајот на 2020 година, но ова е
поверојатно да се случи во пролетта 2021 година.