Тема на денот во светот на тенисот секако е остриот вербален конфликт меѓу АТП и ПТПА. Организацијата кооснована од Новак Ѓоковиќ во понеделникот објави дека поднела тужба за начинот на кој АТП ја води својата работа.
Во многу остриот текст од тужбата, ПТПА го спореди АТП со картел.
Не требаше многу време за да одговори федерацијата која управува со машкиот тенис.
„Додека АТП е фокусирана на спроведување реформи во корист на играчите на повеќе нивоа, ПТПА постојано избира да го подели и да го пренасочи вниманието со справување со дезинформации. Пет години од своето основање, ПТПА не успеа да воспостави значајна улога во светскиот тенис, така што нивната одлука да преземат правни мерки е сосема очекувана.
Ние силно ги отфрламе тврдењата на ПТПА, веруваме дека се целосно неосновани и енергично ја браниме нашата позиција. АТП останува посветена на борбата за интересите на овој спорт – борба за раст, финансиска стабилност и најдобра можна иднина за играчите, турнирите и навивачите“, се вели меѓу другото во текстот што АТП го објави на својата веб-страница.
Дополнително, АТП наведе и суми кои, според нив, сведочат за тоа дека успешно го водат светскиот тенис од 1990 година.
PПТПА постои од 2019 година, а нејзини основачи се Новак Ѓоковиќ и Васек Поспишил. Станува збор за здружение на тенисери, а негови основачи се поранешни членови на советот на играчи на АТП кои биле незадоволни од начинот на работа на тоа тело.