„ПОЧНА ТРЕТИOT БРАН “:Драматично предупредување од директорот на познатиот германски институт

од Берта Китинска
283 прегледи

Поради зголемувањето на бројот на новоинфицирани и седумдневната инциденца, централниот германски епидемиолошки институт Роберт Кох гледа почеток на третиот пандемиски бран.

– Постојат јасни индикации дека третиот бран на пандемија започна во Германија. Јас сум многу загрижен – изјави денес директорот на институтот Лотар Вилер.

Тој додаде дека во моментов се води борба помеѓу мутирани вируси и брзината на вакцинирање. Тој се надева дека 80% од населението би можело да се вакцинира до есен, по што мерките би можеле да бидат укинати.

Во Германија се евидентирани 14.356 нови инфекции, што е за околу 2.400 повеќе од пред една недела и најголем број од крајот на јануари. Ова го продолжи сукцесивното зголемување на бројот на новоинфицирани во последните неколку недели, од кои 55 проценти се британска варијанта на вирусот Б.1.1.7.

Седумдневната инциденца се зголеми на 69,1, а за еден ден се регистрирани 359 смртни случаи. Таа инциденца постојано се зголемува од средината на февруари. Владата ги поврза новите отвори во културниот, спортскиот и угостителскиот сектор со падот на инциденцата под 50.