Во Охрид денеска под силно полициско обезбедување почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.
Во моментов се отстранува платформата и опремата на плажата „Куба Либре“, која долги години важи за една од најубавите не само во Охрид, туку и пошироко. Активностите се одвиваат под силно полициско обезбедување, но без проблеми. Од плажата „Куба Либре“ сами го почнаа отстранувањето на монтажните делови од платформата, додека екипа ангажирана од локалната самоуправа работи на отстранување на металната конструкција во езерските води, која беше поставена согласно проектот одобрен од надлежните државни и локални институции пред речиси деценија и пол.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дека ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија