Почна вакцинацијата на наставниците од Општина Аеродром

319 прегледи

Наставниците од основните училишта во Општина Аеродром масовно се одѕиваат на вакцинацијата против КОВИД-19 што се спроведува во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“. Оваа фаза од вакцинацијата ги опфаќа наставниците од прво до трето одделение, кои веќе извесен период спроведуваат настава со физичко присуство и вршат воспитно-образовна дејност во исклучителни услови, а во наредниот период ќе бидат вакцинирани и наставниците што спроведуваат онлајн-настава, како и техничкиот персонал на училиштата.

„Многу сум задоволен што наставниците се одѕиваат во голем број и со тоа покажуваат грижа не само за своето здравје туку и за здравјето на учениците и на нивните семејства. Им благодарам за одговорноста и за грижата за новите генерации“, порача градоначалникот Златко Марин.

Слични содржини