Почна вакцинацијата во САД: Медицинска сестра ја прими првата доза

од Nikola Popovski
250 прегледи

Првата вакцина против Kовид-19 во САД ја прими медицинска сестра во Њујорк, пренесува Анадолија. Откако ја прими вакцината од компаниите Фајзер и Бионтек, медицинската сестра изјавила дека се чувствува добро.

Вакцинацијата против Ковид-19 започна во САД, а меѓу првите што ја примија вакцината ќе бидат здравствените работници кои имаат предност пред другите граѓани.

Гувернерот на ујорк, Ендру Куомо, исто така, ја следеше вакцинацијата во живо преку видео конференција.

Откако ја примила вакцината, Линдзи изјавила дека се чувствува добро.

„Чувствувам надеж. Чувствувам дека ќе се опоравиме. Се надевам дека вакцината ќе биде почеток на крајот на еден многу болен период за нашата земја”, рекла таа.

Нагласувајќи дека вакцината е безбедна, таа ги повика граѓаните да се вакцинираат, како да продолжуваат да ги почитуваат мерките за пораз на пандемијата.

Таа истакна дека на крајот од тунелот се појави светло, но дека сепак е потребно да се носат маски и да се почитува правилото на социјална дистанца.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека во САД започна вакцинацијата против Ковид-19.

„Првата вакцина беше дадена. Честитки за САД. Честитки за целиот свет”, напиша Трамп.

Гувернерот на Њујорк Куомо исто така рече дека ова е историски ден.

„Медицинската сестра од првата борбена линија, Сандра Линдзи, првата њујорчанка, ја прими вакцината. Заздравувањето е пред нас“, рекол Куомо.

Слични содржини