Почна втората средба на Макрон со Стармер, сакаат Путин да седне на преговарачка маса

од desk2
9 прегледи

Во рамките на државничката посета на Обединетото Кралство, францускиот претседател Емануел Макрон денеска, изненадувачки на англиски јазик“, се заблагодари на британскиот премиер Кир Стармер за „перфектната и топла организација на државничката посета“.

Обајцата срдечно се ракуваа и се прегрнаа пред влегувањето во куќата на Даунинг Стрит 10, каде што е Кабинетот на премиерот на ОК.

Потоа Макрон се префрли на француски јазик, порачувајќи дека „Ние би сакале заеднички, рака под рака, да го градиме тоа што ќе ни помогне да се соочиме со надоаѓачките закани“, рече Макрон.

Како што се пренесува, се разговарало за тоа од Британија во Франција секоја седмица да се враќаат барем по 50 нелегални мигранти.

Според медиумите од Обединетото Кралство (ОК), на самитот ОК-Франција, во кој учествуваат повеќе членови на британската и француската влада, се дизкутирало за Блискиот Исток и за стабилизирањето на ситуацијата таму, како и тоа како би можело Иран да се убеди да се согласи на нуклеарен договор.

„Имаме војни и дестабилизации во моментов, затоа е важно да се среќаваме“, рекол Макрон.

Кит Стармер, премиерот на ОК, пак рекол дека „е време да погледнеме напред за да ги употребиме нашата колективна сила и водството“ пред предизвиците.

Во поглед на безбедноста на континентот, Стармер порача дека во поглед на безбедноста, и ОК и Франција мора да ја штитат, како и дека е добро што тие го предводат реагирањето на случувањата во Украина, и би требло „да го доведат Путин на преговарачката маса“.

Слични содржини