479
Започна уривањето и расчистување на старите објекти кои некогаш го красеа излетничкото место Треска.
Со градежна механизација општина Сарај започна со уривање на дел од објектите и старите тоалети кои се околу езерото Треска.
Владата донесе и одлука земјиштето околу езерото во селата Глумово и Шишево, да се пренамени во градежно, за да може Општината да направи ДУП за вцртување на маркичките за објектите.
Планирано е околу езерото да изгради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам.