Почнаа искрите меѓу Консеисао и Ибрахимовиќ

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Тренерот на Милан, Серхио Консеиао веќе почна да добива критики за неконзистентниот настап на тимот. Според „Кориере дело Спорт“, клупскиот советник Златан Ибрахимовиќ не е особено задоволен од работата на тренерот, кој во декември минатата година го замени Пауло Фонсека.

По доаѓањето на Консеисао, „росонерите“ имаат подобра статистика, но тимот заостанува седум бода зад топ 4, а оваа недела загуби од Феенорд во првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите. Ибрахимовиќ изгледаше несреќно кога тренерот ги извади од игра новите засилувања Сантијаго Хименез и Рафаел Леао за време на натпреварот во Ротердам.

Пред натпреварот со Феенорд, Златан изјави дека Консеисао „има два тима“, со оглед на петте нови играчи со кои потпиша во јануари. Тренерот одговори: „Така е. Имаме повеќе од две екипи, ако ги сметаме јуниорите“.

Слични содржини