Заменик министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска испратил известување до сите вработени во кое ги информира дека нивна право и должност е да не постапуваат по скандалозното известување кое им го прати министерката Фросина Ременски.

12243733_10206759408122063_366458146_n-1

„Ве информирам дека известувањето кое е испратено на 15 ноември 2015 година во 12 часот од страна на Наташа Методиева од кабинетот на техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ременски, а во кое незаконски ви се укажува Вашите одговори на барања на граѓани да ги упатувате на одобрување кај лицето Мила Царовска, лице кое не е вработено во Министерството за труд и социјална политика, нема НИКАКВА правна сила и ИМАТЕ ПРАВО И ДОЛЖНОСТ да не постапувате по него. Ве охрабрувам Вашите работни задачи, како и досега, да ги извршувате стручно и професионално, и да продолжите да работите во интерес на граѓаните, за што имате видливи резултати кои никој не може да Ви ги оспори.“ – стои во известувањето потпишано од Спасов.
Претходно, медиумите блиски на власта пишуваа дека Ременски испратила мејл до вработените во кој повикува сите одговори на прашањата на граѓаните пред да се испратат, да бидат одобрени од нејзиниот кабинет.

Слични содржини