Почнале со 3 пчелни семејства, сега имаат семеен бизнис и грант од 10 000 евра од програмата „Млад земјоделец“

од Vladimir Zorba

Скопјанецот Драган Ѓоргиевски пред 25 години, додека живеел во населбата Аеродром барал некое хоби со кое ќе го пополни слободно време и ќе му го направи животот поинтересен, пишуваат од Агротим.

Пчеларството дошло случајно, кога од пријател добил на подарок три пчелни семејства и со тоа одлуката да се занимава со пчеларење била донесена.

-Почетокот ми беше многу тежок. Имав периоди кога сакав да се откажам и да го оставам пчеларството, но мојата голема желба сепак беше посилна од тоа. Почнав со едноставни три пчелни семејства кои ми беа подарени од еден мој пријател, тоа беше почетокот. Проблемите одма се појавија. Откако почнав да работам со пчелите, открив дека сум алергичен на пчелен отров…да не должам, завршив во Државна Болница и требаше да примам вакцини 2 години. Додека траеше имунизацијата пчелите не ги оставив, напротив работев иако ми беше сугерирано да се откажам. Желбата ми беше голема, едноставно ги засакав пчелите. Од тогаш до ден денес живеам со пчелите и за пчелите – вели Ѓорѓиевски.

Слични содржини