9
Во Струга денеска ќе почне 53. издание на традиционалниот ракометен турнир.
На него, за жал, нема да се натпреварува минатогодишниот победник, тимот на „Пелистер“, а отсутни ќе бидат и екипите на „Вардар“ и „Алкалоид“.
На турнирот ќе учествуваат шест екипи, од кои четири се од Македонија – покрај домаќинот „Струга“ тука се и „Охрид“, „Тиквеш“ и „Бутел“. Меѓународните учесници оваа година се „Бурса“ од Турција и „Раднички Крагујевац“ од Србија.
Турнирот ќе стартува со езерското дерби меѓу Струга и Охрид од 18:30, по што ќе се случи свеченото отворање.
Денешниот ден ќе биде затворен со мечот меѓу Бутел и Раднички.
Турнирот завршува в сабота, со финалето што ќе се игра со почеток во 20:45 часот.