Почнува чешкото претседавање со ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Чешката Република утре ќе го започне шестмесечното претседавање со ЕУ, а нејзини приоритети ќе бидат управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции.

Тоа ќе биде второ чешко претседавање со ЕУ за 18 години од членството на земјата во блокот, а ќе се одвива под слоганот „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“.

Првиот меѓу приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ се однесува на бегалската криза и идната обнова на Украина. Се наведува дека чешкото претседателство ќе ги поддржи напорите на ЕУ за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека ќе ги искористи сите инструменти и програми што ги нуди ЕУ, вклучително и воведување санкции.

Имајќи предвид дека руската агресија врз Украина ја предизвика најголемата бегалска криза од Втората светска војна, чешкото претседателство со ЕУ ќе работи со Европската комисија за флексибилно трансфер на средства и создавање на потребните структури за да им помогне на членките на ЕУ, организациите и граѓанскиот сектор кои се најпогодени од кризата.

Задачата на претседателството, како што е наведено на веб-страницата на чешкото претседателство со ЕУ, ќе биде повоената обнова на Украина, фокусирана на клучната инфраструктура, обезбедувањето основни услуги, зајакнувањето на отпорноста и економското закрепнување.

Слични содржини