Денеска почнува вакцинацијата со руската вакцина „Спутник В“.
Со првите 3 000 дози од руската вкацина кој пристигна ќе се вакцинираат здравствените работници, иако првично беше планирано со нив да почне имунизацијата на постарите лица односно сместените во старинските домови или кадарот кој работи таму.
„Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата“, соопштија од Министерството за здравство.
Вакцинацијата ќе се одвива во поликлиниката „Јане Сандански“ во скопски Аеродром каде вакциналните пунктови ќе работат во две смени од 8 до 20 часот, од понеделник до сабота.
Вторите дози од овие вакцини треба да пристигнат најдоцна за три недели што е обврска која ја презела руската компанија.