Почнува исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Министерството за образование и наука (МОН) ги информира корисниците на студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк, дека од денеска почнува исплатата на финансиските средства.

Како што наведуваат во соопштение, согласно податоците, 3415 студенти ќе добијат средства за четири месеци, односно ќе бидат исплатени стипендиите за месеците октомври, ноември, декември 2022 година и за месец јануари оваа година.

Корисниците на правото за субвенциониран студентски оброк, односно 28986 студенти, исто така во текот на идната недела ќе добијат средства за минатиот месец, односно за декември 2022 година.

Слични содржини