Почнува изградбата на најголемиот подморски тунел во светот меѓу Данска и Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Започна изградбата на најголемиот подморски тунел, кој ќе ги поврзува Данска и Германија од 2029 година. Тунелот „Фемарнбелт“ ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати патувањето меѓу двете земји за 130 километри.

Преминот ќе се состои од делови од тунелот кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море, односно нема да има дупчење под морското дно. Врската меѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот, пренесува Мина.

Овие два острови сега се поврзани со траект или обиколница. Кога ќе заврши тунелот, патувањето со воз од Копенхаген до Хамбург ќе трае два и пол часа, наместо претходните четири и пол часа.

Поминувањето на тунелот ќе трае седум минути со воз и десет минути со автомобил. За неговата изградба се потребни околу 3.000 луѓе, а буџетот е околу седум милијарди евра.

Подготвителните работи започнаа во 2020 година на данска, а во 2021 година на германска страна. Самата изградба на тунелот ќе започне оваа година.

Слични содржини