Комисијата има 11 члена од кои шестмина пратеници се на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Собранието на Република Македонија за денеска во 11 часот е закажана првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност- Импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. Комисијата има 11 члена од кои шестмина пратеници се на ВМРО-ДПМНЕ. Според пратениците ова ќе биде уше една деловничка фарса на власта во која со надгласување ќе се блокира уште една комисиска расправа . . На собраниска седница пратениците на СДСМ не гласаа за формирање на комисијата. Не се знае дали денеска на комисиската седница и ќе присуствуваат двајцата членови од СДСМ. За СДСМ основањето на комисијата било сторено со грубо кршење на деловникот.Речиси е извесно, и власта тоа не го крие, дека преку оваа комисја ќе се блокира дебатата за импичмент за претседателот Иванов, и јавноста ќе биде ускратена за јавна седница на која ќе се кажат и слушнат ставовите на целата парламентарна опозиција и власта во врска со одлуката на Иванов за срамната аболиција.Двотретинското мнозинство е исклучено, но власта сега ја пакува и собраниската седница.
Оваа собраниска одлука за составот на комисијата СДСМ ја обжали на Управен суд.