Од Министерскиот совет на ДНР најавија дека од 1 септември земјата ќе помине кон руската парична единица поради наглото намалување на достапните украински гривни, пренесе РИА Новости.
Причината е дека 90% од сите парични операции во самопрогласената Доњецка народна република се остваруваат со руски рубли. “Најголем удел во монетарната маса во ДНР зазема руската рубља, додека украинската на гривна само 5-7%, поради економската блокада од страна на Украина”, соопштија од Министерството за финансии на ДНР.
“Населението на земјата може да врши плаќања и да плаќа даноци и сметки со следниве видови валути: руска рубља, украинска гривна, американски долар и со евро”, додадоа од Министерството за економија.
Од 16 јуни Службата за безбедност на Украина го забрани увозот на производи и лекови во отцепените територии.
