Кога ќе стигне вакцината „Синофарм“на скопскиот аеродром министерот за здрвство Венко Филипче не открива, но фрижидерите во кои ќе се чуваат 200.000 кинески вакцини се подготвени.
Филипче најави дека на веб сајтот vakcinacija.mk ќе се врши пријавувањето за вакцинација за сите граѓани од Македонија.
-Буквално секој граѓанин ќе може да се регистрира. Самиот систем ќе ги регенерира податоците за тоа кој први би бил повикан на вакцина, односно би му се дал приоритет.
За 10 минути тројца граѓани истовремено ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 во поликлиниката Букурешт. Согласно планот со исто ќе се вакцинира и во пунктовите во Јане Сандански и Чаир. Во останатите поликлиники во главниот град диспанзерите за ковид вакцинација ќе бидат отворени само во втора смена.
Надлежните предвидуваат во објектите на Здравствен дом Скопје дневно да вакцинираат 880 лица и 500 во пунктот во клинички центар. Во останатите градови во еден ден ќе има од 1000 до 1200 вакцинации. Иако со планираниот тренд на имунизација ќе ни требаат години за да стигнеме до посакуваниот процент за колективен имунитет, министерот за здравство вели за почеток е доволно.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486