Почнува судењето за Груевски, Камчев, Мијалков за случајот „Плацеви на Водно“

од Берта Китинска
411 прегледи

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да почне судењето за случајот „Плацеви на Водно“.

Истрагата за случајот „Плацови на Водно“ беше отворена во октомври лани и, според наводите од обвинителството, во периодот од 2006 до 2012 година со пари од членарина и партиски донации на ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни парцели на Водно односно земјиште од 11 000 квадратни метри.

Оваа истрага неодамна се прошири, се вршеа претреси во зграда на Бихаќка, а потоа беше соопштено дека се откриени два нови стана и уште еден плац од 3 000 квадратни метри на Водно, кои се сметаат за сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој имот е замрзнат.

„Плацовите на Водно“ како посебен предмет произлезе од случајот „Империја“. На листата осомничени за плацовите се шестмина, меѓу кои – Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева, Сашо Мијалков…Сомнежите на обвинителството се дека со пари од членарина и партиски донации за ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни плацови на Водно. Станува збор за земјиште од 11 000 квадратни метри и сума од 1,3 милион евра.

Слични содржини