Почнува судењето за пожарот во модуларната болница Тетово

од Берта Китинска
179 прегледи

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да почне судењето за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога 14 лица го загубија животот.

– Со предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф. Б. и А. Е. за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово за кривични дела предизвикување општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од Кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22, се наведува во соопштението од Судот за овој предмет.

Судското рочиште е закажано во 10 часот, а ќе го води судијата Јордан Велковски.