Почнува судскиот процес за полициската бруталност во Битола

438 прегледи

Првото рочиште за предметот на полициска бруталност во Битола кое доби широко медиумско внимание е закажано за утре во 10:00 часот во Основниот кривичен суд Скопје во Судница број 6. Граѓанската иницијатива Аваја бара рочиштето да биде отворено за јавноста согласно начелото за јавност кое е едно од основните начела врз кои се заснова секоја демократска кривична постапка на една правна држава во која на контрола на јавноста треба да е подложена работата на сите органи.

„Очекуваме дека состојбата со КОВИД19 нема да биде искористенa за исклучување на јавноста од судењето“, велат од таму.

Судската постапка започнува по објавената видеоснимка на граѓанската иницијатива – Аваја за полициска бруталност врз припадници на ромската заедница. Оваа видеоснимка се прошири на социјалните мрежи и медиуми и се покажа полициската бруталност од страна на полициските службеници. Аваја заедно со Здружението Млади Правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудија ваквото однесување и понудија бесплатна правна помош на оштетените лица.

Слични содржини