ПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Вечерва се поместуваат стрелките на часовникот

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Од денеска почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Иако се најавуваше можна промена на досегашната практика и дали доколку остане летното сметање на времето би можело да се заштеди струја и топлинска енергија, Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето по направените анализи.

Слични содржини