Почнуваат испитувањата на „Спутник V“ на пациенти со рак

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Рускиот научно-истражувачки институт „Гамалеј“ има намера да спроведе најголем дел од клиничките испитувања на вакцината „Спутник V“ на луѓе кои страдаат од рак до крајот на годината, изјави заменик директорот на тој институт, Денис Логунов.

Тој потсети дека клиничките испитувања се обемна работа и дека во просек треба една или две години успешно да се извршат.

„Подготвуваме протокол за спроведување на прегледот, по што ќе ја доставиме целата документација до Министерството за здравство, со што потоа ќе се утврди временската рамка што е неопходна за да се спроведе прегледот“, рече Логунов, пренесс „Спутник“.

Руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус е регистрирана во скоро 70 земји, каде што живее скоро 40% од светската популација.

Вакцината, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеј“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, што ја прави прва регистрирана вакцина за коронавирус во светот.

Слични содржини