„Почувствував дека ми гори кожата“: Кружат снимки од експлозијата во Германија, граѓаните се плашат

од Nikola Popovski
415 прегледи

Силна експлозија во фабриката за преработка на отпад, во која има повредени, денес го потресе Леверкузен.

На Интернет започнаа да кружат снимки, како и пораки од граѓани кои ја преживеаја силната експлозија.

– Бевме многу исплашени, прозорците во нашата куќа се тресеа. Се надевам дека никој од нашите сограѓани не е повреден – напишала една жена на Фејсбук.

Друг сограѓанин навел дека никогаш порано не доживеал такво нешто и дека почувствувал топол бран што почнал да му ја пече кожата.

Облак чад е видлив и во околните градови, па луѓето почнаа да споделуваат снимки и фотографии, прашувајќи се што се случило.

Друга жена е загрижена за безбедноста на нејзиниот син кој работи во Леверкузен.

– Се плашам за него. Прво бевме погодени од поплави, а сега и ова. Не ми е јасно зошто ни се случува ова – напиша таа.

Да потсетиме, властите издадоа итно предупредување до граѓаните и им наредија на сите да ги затворат прозорците и вратите.

Полицијата ги затвори сите влезови и излези од Леверкузен, а властите побараа од граѓаните да не ја оптеретуваат полицијата, брзата помош и пожарникарите за да можат што повеќе тимови да бидат насочени кон оваа област.

Во градот се слушаа и сирени, а властите ги предупредуваа граѓаните на голема опасност.

Доколку пожарот не биде локализиран наскоро, се заканува да ја зафати зградата во која се сместени над 100.000 литри запалива течност, пишува Билд.

Според противпожарната бригада, причината за експлозијата сè уште не е позната. Нивните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Слични содржини