Под лупа на научниците: Сексот во автомобил

од desk3
84 прегледи

Палуавењето по автомобилските седишта воопшто не е “ново ” за никој возрасен, а пред неколку дена го науката докажа токму тоа. Кога научниците од Универзитетот на Јужна Дакота запрашаат 195 мажи и 511 жени за нивните автомобилски искуства одговорите биле повеќе од јасни.61% од мажите кои учествувале во анкетата изјавиле дека се потпирале на замаглени стакла. Помалку, но повторно сериозен процент оди кај дамите – 59,9% од жените со насмевка споделиле ѓ позитивен одговор за непослушни игри на задното седиште. Од сите анкетирани 14% ја изгубиле невиноста во возило.

1476445035-shutterstock-434610634

“Сексот и автомобилите одат рака под рака уште откако е произведен првиот автомобил”, изјави раководителот на истражувањето, психологот д-р Кинди Струкман-Џонсон, во соопштението од Универзитетот.

Уште љубопитни податоци откриени од тимот на д-р Џонсон:

56,9% од сексуалните акти во автомобили станаа факт меѓу повремени партнери
63,4% од сексуалните настапи во возилата биле на задното седиште
56% од сите се случиле на паркинзи надвор од населените места
4,3% од мажите биле терани насила да имаат секс во кола.

“Податоците, вклучувајќи и лични приказни на учесниците во истражувањето, покажуваат дека што се однесува до потребата од секс, луѓето немаат проблем со непријатност, веројатноста од модрици по нозете или ризикот некој да ги открие кои се речиси сигурни кога половиот однос е во тесно во колата “, изјави д-р Кинди Струкман-Џонсон.