Ники де Џегер, позната уште како Ники Туторијалс, е една од најпознатите јутјуберки во светот која неодамна на јавноста ѝ ја откри својата долго чувана тајна.
Таа ќе известува за Евровизија преку интернет, а ќе сними и посебна јутјуб-серија во бекстејџот, која ќе биде прикажана во живо за време на двете полуфиналиња и главната финална вечер. Имињата на останатите водители уште не се познати.
Минатогодишниот победник Данкан Лоренс јавно ја поддржа оваа одлука.
„Драга Ники, се случи и тоа. Се сеќавам како разговаравме и се смеевме, држевме среќа. А сега и официјално, ти си онлајн водител на Евровизија, веројатно најдобриот досега. Се гордеам со тебе“, напиша Данкан на Инстаграм.
Неодамна Ники призна дека е трансродова личност, под притисок на други лица, кои ѝ се заканувале дека ќе ја разоткријат.
„Ја презедов контролата врз ситуацијата и самата ја објавив тајната. Секако ќе ви откриев, но чекав да бидам подготвена за тоа. Овој притисок ме фати неспремна, но морав да побрзам“, објасни Ники.