Податоците за фингерпринтите се безбедни и не може да се пробијат, уверува Спасовски

од Берта Китинска
273 прегледи

Досега не сме учествувале во процес на гласање со фингерпринти. Но, ние обезбедивме софтвер и ги предадовме до ДИК нашите податоци за отисоци од прсти на гласачите. ДИК по изборите ќе има обврска да ги врати овие податоци. Ако има проблем со терминалот, тој ќе се замени или ќе се премине на класично гласање како порано, вели Спасовски за Утрински брифинг.

Тој појасни дека за фингерпринтите се грижи избирачкиот одбор оти полицијата не смее да влезе на избирачко место. Спасовски очекува дека нема да има проблеми и дека изборот на софтвер и терминали е соодветен и додава дека ова е систем кој не е врзан на интернет и не може да се хакира.