Поддршка за Македонија на патот кон ЕУ, но не на сметка на бугарските интереси, вели Нинова

од Nikola Popovski
180 прегледи

Нема конфликт меѓу мене и Кирил Петков на тема С. Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за економија Корнелија Нинова на брифинг во Министерството за економија и индустрија, јавуваат бугарските медиуми.

Нинова не сакала да ги коментира односите меѓу тамошниот претседател Радев и премиерот Димитар Ковачевски.

„Дозволете ми да не влегувам во лични односи, туку да го изразам принципиелниот политички став. Имаме коалициски договор со Владата. Тој го утврдува нашиот заеднички став за Македонија. Само да потсетам дека сегашната влада на Кирил Петков ја реафирмира сегашната позиција, а притоа треба да се имплементира Договорот за добрососедство и соработка, да се спроведе декларацијата од 44. Собрание, да се запре говорот на омраза, да не се злоупотребува бугарската историја и сето тоа да не биде на сметка на националниот бугарски интерес. Мислам дека е добро да се продлабочат билатералните односи. Да за продлабочување, проширување, поддршка на Македонија кон патот во ЕУ, но не на сметка на бугарската историја и националниот интерес“, изјавила Нинова.

Нинова одговорила на прашање како го коментира вчерашното барање на македонскиот копретседавач со Мешовитата историска комисија, Драги Ѓоргиев, кој побара да се одложи работата на комисијата.

„Не сме разговарале за тоа. Ви кажувам на прво читање дека тоа ми изгледа неприфатливо, но ќе се вратам на принципиелното прашање. Работата на историската комисија е вградена во Договорот за добрососедство и соработка. Не е прифатливо еднострано да се гледа на ова прашање“, нагласила Нинова.

Слични содржини