Почетна / Магазин / Наука и технологии / Поддршката на Cortana за iOS и Android сопира на 31 јануари идната година

Поддршката на Cortana за iOS и Android сопира на 31 јануари идната година

Microsoft објави дека ќе ја сопре својата апликација Cortana за iOS и Android од јануари. Наместо тоа, дигиталниот асистент ќе биде интегриран во Microsoft 365. Како дел од оваа еволуција, 31 јануари 2020 година, поддршката за Cortana за двата најпопуларни мобилни оперативни системи во светот ќе престане.

Microsoft првично ја пушти Cortana за iOS и Android во декември 2015 година и првично беше искористена за поврзување помеѓу смартфоните и компјутерите со Windows 10. И покрај последователниот редизајн, компанијата не успеа да ја позиционира Cortana како конкурент на другите дигитални асистенти во телефоните и паметните уреди воопшто. Шефот на Microsoft, Сатја Надела откри претходно оваа година дека компанијата не ја гледа Cortana како конкурент на Siri, Alexa и Google Assistant.

Microsoft ќе се фокусира на интегрирање на Cortana во деловни решенија како „Microsoft 365“, како и на мобилната верзија на „Outlook“, за да може да чита гласно е-пошта.

loading...