„Поддржувачите“ на Путин: Ни вршеа притисок да присуствуваме на митингот

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на десетици илјади Руси на стадионот Лужники во Москва на митингот на прославата на осум години од анексијата на Крим. Некои од нив за Би-Би-Си изјавија дека работат во јавниот сектор и дека нивните надредени ги притискале да присуствуваат.

Еден човек кој работи во московското метро изјавил дека тој и другите вработени биле принудени да присуствуваат на митингот, пишува Би-би-си.

По повод годишнината од анексијата на Крим, Путин на стадионот во неколку наврати истакна „Напред Русија“.

„Ќе бидам тука некое време, а потоа ќе заминам. Мислам дека повеќето луѓе овде не ја поддржуваат војната. Јас не“, изјавил еден од присутните на стадионот.

Многу луѓе не сакале да бидат снимени или да одговараат на прашања.

Студентите известија дека добиле слободен ден од предавањата доколку се присутни на стадионот.

Некои од студентите не ни знаеле дека настанот е делумно посветен на поддршката на војната во Украина.

Несомнено, имаше луѓе кои вистински го поддржуваат претседателот Путин и „специјалната воена операција во Украина“, како што Кремљ претпочита да ја нарече.

Слични содржини