Поддржувачите на Трамп ги навлекуваат Афроамериканските гласачи со лажни фотки на Трамп

„Би-би-си панорама“ открила десетици дипфејк-фотографии кои прикажуваат Афроамериканци како поддржувачи на поранешниот американски претседател

од Бети Божиноска
274 прегледи

Поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја користат технологијата на вештачка интелигенција (АИ) за да генерираат лажни фотографии на црни гласачи кои наводно го поддржуваат Трамп и ги споделуваат тие фотографии на мрежите за да ги поттикнат Афроамериканците да гласаат за републиканците на претстојните претседателски избори, открива Би-би-си.

„Би-би-си панорама“ открила десетици дипфејк-фотографии кои прикажуваат Афроамериканци како поддржувачи на поранешниот американски претседател, кој јавно им се додворува на црнечките гласачи кои беа клучни за изборната победна на Бајден во 2020 година, но не постојат докази кои директно ги поврзуваат овие фотографии за кампањата на Трамп.

Клиф Олбрајт, коосновач на организацијата „Блек вотерс медр“, групата која ги поттикнува Афроамериканците да излезат на избори, вели дека лажните фотографии на Трамп опкрен со поддржувачи од афроамериканската заедница поттикнуваат „стратешки наратив“ кој е осмислен да го прикае Трамп како полуларен во таа заедница.

Фотографиите генерирани со АИ што ги откри Би-би-си најверојатн ги создаваат и споделуваат поддржувачите на републиканците, наведуваат од Би-би-си, додавајќи дека меѓу нив се и Марк Кеј и неговиот тим кој води радиоемисија на една конзерватвна радио-станица на Флорида.

Тие ја креирале фотографијата на насмеанот Трамп опкружен со Афроамериканци и ја споделиле на Фејсбук-профилот на Кеј, кој има повеќе од еден милион следбеници.

Олбрајт предупредува дека повторно излегуваат на површина тактиките за дезинформација кои ја таргетираат црнечката заедница, исто како и на изборите во 2020 година.

„Има документирани повторни обиди да се таргетираат со дезинформации црнечките заедници, особени младите црни гласачи,“ вели тој.

Слични содржини