Атмосферата во тимот на Пари Сен Жермен не е добра, а според последните информации кои ги пласира „Екип“, делува проблематично.
Собирот на најголемите ѕвезди на светскиот фудбал мора да предизвика проблеми. Секој од нив е навикнат да биде лидер во претходниот период, да се истакнува и да биде почитуван од соиграчите. Не е лесно во сегашниот тим на Пари Сен Жермен, каде секој би сакал да има свој дел од „колачот“.
Така, „Екип“ носи нови, шокантни информации. Имено, јужноамериканскиот дел од тимот заедно со Нејмар, Анхел ди Марија и Лионел Меси го игнорираат учинокот на Жорж Вајналдум на тренинзите затоа што се плашат од Холанѓанецот кој го става во незавидна позиција нивниот сонародник и добар пријател Ленадро Паредес.
Сосема лудо и неколегиално, но јужноамериканскиот клан направи заговор против Вајналдум, кој игра доста добро, но и самиот тој не е импресиониран од доаѓањето во Париз. Очекуваше повеќе, подобар третман и минути, но тоа е тешко да се постигне покрај уште поголеми суперѕвезди.
На Вајналдум му се допаѓа животот во Париз, но засега само тоа. Сезоната е долга, ситуацијата лесно може да се промени, но во моментов е далеку од идеалната приказна на „Паркот на принцовите“.