Повеќе од 30 илјади картички им се поделени на српските државјани кои транзитираат низ земјава за да можат бесплатно да ги поминат патарините низ овој коридор, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Сите српски граѓани кои транзитираат низ државата добиваат картичка. Тоа е еден добар гест на пријателство и соработка, рече Спасовски.
Владата во знак на благодарност за донираните вакцини од Србија одлучи од 15 јуни до 15 август да обезбеди бесплатен транзит за српските возила по коридорот 10. Предвидено е до крајот на рокот да се потрошат 200.000 картички.