Подетално за кинеската вакцина: Како и колку долго ве заштитува вакцината „Синофарм“?

од Stefanija Kuzmanovska
575 прегледи

Американскиот дневен весник „Њујорк Тајмс“ објави многу исцрпен и детален текст за ефектите на кинеската вакцина Синофарм.

– На почетокот на 2020 година, Институтот за биолошки производи во Пекинг ја направи „мртвата“ вакцина BBIBP-CorV против коронавирусот. Клиничките испитувања спроведени од државната компанија „Синофарм“ покажаа дека таа има стапка на ефикасност од 79 отсто. Кина ја одобри оваа вакцина и започна да ја извезува во други земји – пишува овој весник.

Текстот понатаму објаснува дека кинеската вакцина делува преку стимулирање на имунитетниот систем да произведува антитела против короната.

За правење на вакцината Синофарм, научниците го започнале истражувањето со три варијанти на коронавирусот, кои ги зеле од примероци на крв од пациенти во Кина, а потоа одлучиле да работат на само една варијанта на вирусот, која најбрзо се размножува во клетките на бубрезите од мајмун.

Кога направија големи залихи на коронавирусот, ги прелиле со бета-проиолактин, соединение кое ја запира поделбата на коронавирусот, врзувајќи се за гените. Таквите „мртви“ вируси повеќе не можеле да се размножуваат и да се делат.

За да го стимулираат имунолошкиот систем за зајакнување на одговорот на вакцината, научниците ги помешале неактивни вируси со соединение базирано на алуминиум, тактика што се користи во правењето вакцини повеќе од 90 години.

Дејство на вакцината

Бидејќи вирусите користени за правење на оваа вакцина се мртви, тоа значи дека можат да навлезат во организмот без лицето да се инфицира со короната.

Кога некое лице е вакцинирано со оваа вакцина, имунолошкиот систем може да препознае инфекција со жив вирус на корона и да реагира. Имунитетот работи на два начина, така што Б-клетките произведуваат антитела кои „се лепат“ на натрапниците, а антителата кои целат кон протеинскиот клас можат да спречат вирусот да влезе во клетките.

Студиите покажаа дека вакцината Синофарм штити од коронавирус, но сè уште не е познато колку долго штити. Постои можност нивото на антитела да се намалува со текот на месеците. Од друга страна, имунолошкиот систем исто така содржи Б-клетки кои можат да „запомнат“ информации за коронавирусот со години или децении.

Слични содржини