Подгорица: Со протестно возење се бара оставка на Кривокапиќ

од Vladimir Zorba

Група граѓани протестираа во Подгорица и побараа оставка од премиерот Здравко Кривокапиќ.

Тие митингот го нарекоа „Црногорска пролет“, а протестите во неколку црногорски градови започнаа неколку дена откако владата објави измени во законот за престој и критериумите за доделување државјанство.

Насобраните тврдеа дека ова е начин да им се овозможи на странските граѓани да добијат право на глас, додека тоа право ќе биде одбиено на црногорската дијаспора.

Неколку про-црногорски здруженија, како и опозицијата, побараа од Кривокапиќ да ги повлече најавените измени на законот.

Владата тврди дека нивната цел е да го регулираат регистарот на престој и избирачкиот список.

loading...

Слични содржини