Подгорица: Уапсен државјанин на С. Македонија по потерница од Интерпол Тирана

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Црногорската полиција по меѓународна потерница на НЦБ Интерпол Тирана, во Подгорица го уапсила И.А. (51) државјанин на Северна Македонија.

Според полицијата, И.А. се бара на издржување затворска казна во траење од шест години, на која му е изречена за сторено кривично дело криумчарење стока од големи размери.

„Службениците на Полициската управа, вршејќи дејствија од нивна надлежност, дошле до сомнение дека бараното лице со различен идентитет престојува во Црна Гора, при што со детални проверки е утврдено дека се работи за меѓународно барано лице“, соопштија од црногорската полиција.

Тој вчера бил изведен пред надлежен судија за истрага на Вишиот суд во Подгорица, кој му одредил екстрадиционен притвор.

Следува натамошна комуникација меѓу надлежните органи на Република Албанија и Црна Гора.

Слични содржини