Денеска во касарната „Филиповски – Даме“ во Кичево, заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, заедно со државниот секретар Драган Николиќ, директорот на Генералштабот, генерал мајор Зоран Милески и командантот на 1. бригада, полковник Сашко Лафчиски, присуствуваа на церемонијата за испраќање на единица од Армијата на вежбата „КФОР 30“ во Хохенфелс, Германија. Целта на вежбата „КФОР 30“ е подготовка на единиците кои се упатуваат во мисијата КФОР на Косово, во поддршка на мирот, стабилноста и безбедноста и поддршка на цивилните авторитети на Косово.
На денешната церемонија заменик министерот Хасани на припадниците од првата бригада во свое и во име на министерката Славјанка Петровска им посака успех на претстојната вежба.
– Да бидете упорни и мотивирани и да покажете дека нашата Армија е составена од вистински професионалци. Овие подготовки и нашето учество во мисијата на НАТО на Косово се пример за нашата посветеност кон регионот, неговата безбедност, стабилност и просперитет. Тоа е приоритет за НАТО, тоа е и наш приоритет како земја-членка, рече Хасани.