Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Подготовката на Манчестер Јунајтед за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од 2-0 од Вест Хем во англиската Премиер лига, изјави капитенот Бруно Фернандеш. Тимот предводен од Рубен Аморим може да ја спаси сезоната со победа против Тотенхем следната недела, со што „црвените ѓаволи“ би се квалификувале за Лигата на шампионите.

Томас Соучек и Џарод Бовен ги постигнаа головите за „чеканите“, кои победија за прв пат на „Олд Трафорд“ од 2007 година.

„Овој пораз нè растажува, особено затоа што го забележавме дома. Сакавме да победиме по победата во Лигата на Европа, имавме и самодоверба. Создадовме доволно шанси и требаше да поведеме по резултатот, но така и не постигнавме гол. Се случи спротивното – примивме голови, иако имавме целосна контрола врз играта“, рече Фернандеш, цитиран од ДПА.

„Сепак, ова често се случува оваа сезона со нас. Ние ја водиме играта, но во еден момент примаме гол од позиција во нашиот шеснаесетник. Мораме да играме многу подобро во Премиер лигата, мора да бидеме агресивни и да ја однесеме играта во другата половина. Мораме да бидеме поопасни и поефикасни“, додаде португалскиот играч за врска.

„Не можеме да се извинуваме и да го разликуваме првенството од Лигата на Европа, бидејќи сите вложивме многу на тренинг. Секој е подготвен да влезе во игра во секој момент. Секој од нашите играчи знае дека не треба да ја пропушти можноста да биде стартер“, истакна тој во интервју за клупската телевизија.

Слични содржини