Големиот филмски хит „П.С. Те сакам“, снимен по романот на Сесилија Ахерн, излезе во 2007 година, со Хилари Свонк, Џерард Батлер и Лиза Кудроу во главните улоги.
Обожавателите на филмот и новелата сигурно се радуваа кога Ахерн напиша продолжение со наслов „Постскриптум“. Тоа ги подгреа надежите дека е можен и втор дел од филмот, кој всушност, веќе е потврден.
Во првиот филм глумеа Хилари Свонк, Џерард Батлер, Кети Бејтс, Џефри Дин Морган, Лиза Кудроу и Хари Коник Јуниор. Иако многумина не беа задоволни од разликите во книгата и филмот, сепак ја обожаваа екранизацијата.
Во вториот дел од книгата се зборува за група која ја обожава Холи Кенеди и успева да стапи во контакт со неа, сакајќи да им помогне и тие самите да ги промовираат писмата кои ги испраќаат до нивните сакани кои починале.
Еден од работните наслови, но не и официјално потврден за филмот е „П.С. Се уште те сакам“. Наводно, филмот ќе биде реализиран на Нетфликс пред да се емитува во кината.