„Подготвување” на јавното мислење

од desk3
83 прегледи

Бука – Сараево

Познато е дека во демократските општества политичарите при разгледување на различни потези мора да сметаат на реакциите на јавното мислење. Затоа политичките партии, но и другите заинтересирани групи, организации и движења се обидуваат да го формираат јавното мислење на начин кој би им овозможил поддршка.

Едвард Бернајс, внук на Сигмунд Фројд кој емигрирал во Америка, во своето дело „Пропаганда” од 1928 година ги опиша основните принципи и начини за користење на психоанализата и психологијата со цел индиректно да се влијае на јавното мислење за остварување на некоја скриена цел.

download (1)

Од тогаш дисциплината „односи со јавноста” разви и разработи разни форми на манипулации со мислењето на луѓето во заедницата.

Современиот граѓанин е изложен на различни влијанија на масовните медиуми кои преку „информирањето” сакаат кај него да формираат одреден став кон некое општествено прашање.

Иако овие влијанија можат да бидат и во функција на употреба и во функција на злоупотреба, на нив не треба да се гледа како на нужно зло, туку како неизбежен дел на современото живеење.

Манипулирањето подразбира несвесно и индиректно влијание, а заштитата од манипулирање е освестување и препознавање на скриена цел. На граѓаните во тоа им помага тоа што порано се нарекувало „медиумска писменост”.

Често на промената на одреден општествен став се пристапува преку техника на мали и бавни чекори. Тоа некогаш се споредува со варење на жаба: кога жабата ќе се најде во вода која полека се затоплува, таа нема да скокне од неа, туку ќе се навикнува на се поголема температура, се додека не биде сварена.

Еден од начините на кој се врши „готвењето” на јавното мислење е моделот „Овертоновиот прозорец”, кој не е ништо друго туку водење на процес на многу спорни промени на јавното мислење се до саканата состојба.

Во својот обид да го реформира образовниот систем, Џозеф Овертон забележал дека наглите промени предизвикуваат силни емоции и многу силен отпор, како кај политичарите, така и кај најголемиот дел на јавноста. Затоа разработил еволутивен процес на влијание на јавното мислење кое поаѓа од нешто што и за јавноста и за политичарите е незамисливо.

Грција и Велика Британија со рекорден пад на платите

Идејата на „прозорецот” е фокусот на јавните расправи да се помести од нешто што е „незамисливо”, до тоа истото да се гледа како нешто „радикално”. Кога тоа ќе се постигне, тогаш „прозоррцот” на влијанието се поместува, така јавноста тоа што го гледа како „радикално” ќе почне да го гледа како „прифатливо”. Потоа следат поместување од „прифатливо” до „разумно”, а потоа од „разумно” до „нормативно”.

Целта е постигната со воспоставување на нова општествена норма која потоа се вградува во законот. Колку овој процес е побавен, толку луѓето повеќе го прифаќаат како „природен” напредок на развојот на цивилизацијата.

Многу општествени промени во водечките земји настанале минувајќи низ овие фази, а потоа другите земји ги прифаќаат како „цивилизациски норми” кои се обврзани да ги усвојат. /МИА