ПОДИГНАТО ОБВИНЕНИЕ против таткото на момчето-убиец од Белград

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Владимир Кецмановиќ е во притвор од 3 мај, кога неговиот малолетен син уби девет ученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија.

Во Палатата започна обраќањето на главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.

Тој се обрати до медиумите со цел да ја информира јавноста за поднесувањето на обвинението против Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. Обвинението вклучува дури 267 страници.

„Поводот за денешното вонредно обраќање е тема која привлече огромно внимание, не само кај медиумите, туку и кај целата јавност од трагичниот настан на 3 мај. Повеќе за текот на кривичната постапка ќе слушнете од вишиот јавен обвинител“, изјави Маја Љубичановиќ, портпарол на обвинителството.

Владимир Кецмановиќ е во притвор од 3 мај, кога неговиот син уби девет ученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Таткото на момчето-убиец е обвинет дека ја загрозил општата безбедност со тоа што во периодот пред масакрот го тренирал својот тринаесетгодишен син да ракува со огнено оружје и муниција.

Слични содржини