Младината на партијата Левица ги постави имињата на 300 загинати партизани, долж улицата на која, како што велат, денеска премиерот на Косово Албин Курти ќе присуствува на нејзиното преименување од Втора македонска ударна бригада во улица Адем Демачи.
Како што велат од помладокот на Левица, улицата која ги славеше оние кои го дадоа животот во борба со фашистичкиот бугарски окупатор од утре ќе го слави Адем Демачи, сепаратист од Југославија и борец за Голема Албанија и независност на Косово, неколку пати осудуван на затворска казна во Југославија.
Курти денеска доаѓа на гости кај градоначалниците на Тетово и Чаир, Биљал Касами и Висар Ганиу.
За време на неговиот престој во земјава не се предвидени средби со неговиот колега премиерот Ковачевски, ниту со шефот на државата Стево Пендаровски.